Пред 22 години Саша Поповиќ и Сузана Јовановиќ стапија во брак, а кумови им беа Лепа Брена и Боба Живојиновиќ. Нивната венчавка во далечната 1998 година во Белград беше една од најгламурозните венчавки во тоа време.
Сузана Јовановиќ гостуваше во емисијата „Гламур специјал“ и откри детали од своето раѓање, па се до денес.
Во поголемиот дел од емисијата таа зборуваше за нејзиното запознавање со Саша.
Во 1996 година пеев кај Злата и Пеја на свадба, а Саша беше дојден како гостин. Уште тогаш почна да се интересира за мене. Но, тој како голем заводник меѓу жените, не покажуваше интерес за мене, туку јас тоа го дознав од други луѓе. Воспоставивме контакт. Ми рече: „Ајде ќе се слушнеме, можеби некогаш ќе се јавиш“. Меѓутоа, јас тогаш многу работев, не размислував за тоа, посебно не дека нешто може да има меѓу нас“ ,изјави Сузана.
Тие откриле дека се еден за друг на едно кратко патување:
Мојот возач не можеше да ме однесе до Јагодина каде што имав настап, па потоа го замолив Саша да ме однесе. Кога пристигнавме таму, тој ми рече: Дојди да те бакнам. Ти си моја девојка, ти си моја жена“. Следуваше бакнеж во образ. По бакнежот, ми кажа дека треба да живееме заедно. Но, воопшто не разговараме за тоа дали ќе стапиме во брак. Еден ден ми кажа: „Сузана, подготви се, ќе те носам на едно место“. Заминавме во Нови Сад, во златарницата на еден негов другар, а таму го одбрав својот свршенички прстен. Венчавката беше преубава, имаше многу наши пријатели“, вели Сузана.
На нивната свадба кумови беа Лепа Брена и Боба. Тие веќе беа во брак и имаа два сина. На свадбата од колегите присуствуваа Весна Змијанац, Злата Петровиќ, Јашар Ахемовски и други.