Доктор објаснува зошто не треба да носите ракавици во супермаркетите

148

Каран Рагарајан кој работи како хирург во британската Национална здравствена служба објаснил зошто носењето ракавици наместо редовното миење на рацете може да доведе до поголем ризик.

“Носите ракавици, во супермаркет сте, допирате работи – еве ги…микроби”, вели докторот во видеото.

“Во текот на денот со истите ракавици допирате уште повеќе работи. Собирате микроби. На вашите ракавици сега има повеќе микроби отколку што би имало доколку ги миете рацете секој пат”, истакнал Рагарајан додавајќи дека со истите ракавици го допирате воланот, но и нив кога ги менувате.

“Само мијте ги рцете, бидете разумни, останете безбедни”.

Медицинска сестра од Мичиген неодамна стана вирална откако објаснила зошто ракавиците можат да создадат повеќе проблеми за луѓето кои се обидуваат да го избегнат коронавирусот. Моли Ликси снимила видео по посетата на супермаркет, а истото собрало повеќе од милион прегледи на Фејсбук.