Марјана Станојковска покажа со која мармелада се мачка, ама не на леб и не се лиже, освен ако… не ти дозволат!

252

Сонцето и сончањето повеќето млади дами како едвај да чекаат да дојде. Тогаш е згодна прилика јавно да се покаже витото тело, сите да видат со какви телесни атрибути располагаш, колку си привлечна, пожелна, секси…

Но за да бидеш уште поатрактивна, пожелно е кога ќе излезеш на плажа да имаш веќе малку црн тен уште од првиот ден. А за тоа експресно да го изведеш, а при тоа да не се испечеш како „јагне на ражен“, постојат илјада и еден трик, во вид на разни препарати за брзо потемнување и заштита од горење.

Македонските убавици од јавниот живот се тиа кои први ги откриваат, или обратно: производителите, односно дистрибутерите ги откриваат нив, за што подобар пласман на своите летни козметички производи.

Така македонската лото девојка и ТВ водителка Марјана Станојковска покажа како изгледа да потемниш за час, а при тоа од горење на сонце да најдеш спас. Нејзината тајна е во… мармелада! Итоа не обична, туку специјална за експресно темнеење.

Само што оваа не се мачка на леб, туку се мачка по цело тело… Или поточно, на оние делови, каде што сакаш да добиеш темен тен! При тоа штити сонцето да не те испече. Затоа и не е обична мармелада, туку тропска!

И после мачкање не се лижат прсти, ниту било што друго… Освен, ако не ти дозволат!

А штом мармеладата се впие,  како што и самата Марјана демонстрира, оставете го телото да кулира…

Така што ќе плута со сета своја должина по водената површина! До следното мачкање, за подобро сончање!