Македонија ќе ја предводи NBA плејмејкер? (ВИДЕО)

966

Кошаркарската федерација на Македонија набрзо ќе доведе нов натурализиран кошаркар.

Според последните информации, челниците на федерацијата се решени да доведат играч на плејмејкерската позиција. Сега е познато и името на идниот “македонец”. Станува збор за играчот на Цедевита-Олимпија, Кевин “Јоги” Ферел. Се работи за “плеј” со исклучителна брзина, одлична визија во играта и одличен шут.

29-годишниот плејмејкер има NBA искуство, настапувајќи на 260 натпревари во најелитното кошаркарско друштво. Настапуваше за Бруклин, Далас, Сакраменто, Кливленд и Лос Анџелес Клиперс пред лани да се пресели во Атина, бранејќи ги боите на Панатинаикос. По краткиот престој во Грција се приклучи во тимот Цедевита-Олимпија каде одигра одлича сезона.

Селекторот Драган Бајич изјави дека на нашата репрезентација и е потребен класичен организатор на играта со кој (според негови зборови) репрезентацијата би била за 30% посилна. Веќе се обавени првичните разговори според кој Ферел изразил желба да добие наш пасош и да ја претставува Македонија во блиска иднина. Она што останува да се види е колкава ќе биде ажурноста и експедитивноста со завршувањето на потребната документација бидејќи се работи за релативно краток период во кој треба да се обезбеди истата.

“Јоги” Ферел (во најдобар случај) би се приклучил на Македонија на преткфалификациите за Европското првенство 2025, кој започнуваат овој Август.

Димитар Младеновски