МАКЕДОНЕЦ СЕ ПРИЈАВИ НА ГОДИНАШНИОТ ДРАФТ ВО НБА-ЛИГАТА!

707

Филип Петрушев, големиот талент и младински репрезентативец на Србија, се пријави за годинишниот драфт во НБА – лигата. И тоа за нас нема да биде ништо значајно, ако не се знае дека тој е со наши, македонски корени.

„Мојот дедо Гуте, како многу млад дошол од Македонија во Белград. Тогаш се презивал Петрушевски, но му ги скратиле презимето на Петрушев. Јас сум втора генерација кој е роден во Србија. Имам и помлад брат Давид, кој е исто така кошаркар. Да кажам дека без мојот дедо Гуте ништо немаше да постигнам, тој ме носеше на тренинзи, на натпревари, тој е најрадосен за ова што досега сум го направил“, изјави за Курир пред извесно време „Македонецот“ Петрушев, кој потврди дека има наши корени.

Инаку Филип Петрушев во моментов е член на американскиот универзитет Гонзага. Игра центар, висок е 211 см и важи за еден од најперспективните кошаркари во Србија, со чија младинска репрезентација освои злато на европското јуниорско првенство пред две години.