Министрите за туризам во земјите членки на Европската унија преку видео-конфернециска врска се договориле за изработка заеднички документ кој би важел за патување во сите земји во унијата. Темата на дискусија била состојбата во европскиот туризам, влијанието и мерките за пристигнување на туристи во земјите. Хрватскиот министер за туризам Гари Капел, за документот кој е наречен „корона пасош“ изјави дека се однесува на здравствениот, односно безбедносниот дел од протоколот за патување.
Според хрватскиот министер е договорен заеднички план за излегување од кризата, без разлика на поединечните состојби во земјите членки на унијата.
-Туризмот чини 10 до 11 одсто од БДП на Европската унија и има ангажирано 12 одсто од вкупниот број на вработени.Тој е значајна алка за спасување на националните економии – изјави Капел, наведувајќи ги како пример Хрватска, Италија, Шпанија и Грција.
На прашање дали е можно да се воведе сообраќаен коридор за туристите, хрватскиот министер највил дека на таа тема ќе се дискутира и дека ќе се договри до крајот на месец мај, ако не на заедничкиот дел тогаш на билатерално ниво со доволен број на засега заинтересирани земји.





![[ВИДЕО] Жена изгоре во пожар во скопската населба Пинтија](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/pozar-218x150.jpg)











![[ВИДЕО] Објавена снимка од авионот на Кроација ерлајнс што излета од пистата во Сплит](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/fuzsm-split-avion-218x150.webp)


















