Легендата на МЗТ Скопје Аеродром повторно ќе го предводи шампионот.
Капитенот Дамјан Стојановски e првиот играч кој по истекувањето на претходниот договор ја продолжува долгогодишната соработка со клубот. Во моментов се преговара и со неговиот брат близнак, Војдан Стојановски како и со останатите кошаркари. Според информациите кој пристигнуваат од Аеродром, приоритет на почетокот од преодниот рок се домашните играчи.
“Капитенот е првиот кој потпишува од оние на кој договорот им истече со завршувањето на сезоната. Се преговара со Војдан како и со останатите. За странци и составување на тимот веќе се работи. Работиме и на зајакнување на буџетот за настап во регионалната АБА 1” – изјави директорот на клубот, Филип Ѓорески.

Дамјан Стојановски е во таборот на “штроковите” од 2012 година. Тој според многумина е најзаслужниот кошаркар за децениските успеси на нашиот шампион. Претставува вистинска легенда на клубот и една од најомилените личности кој настапувале за МЗТ Скопје.
Димитар Младеновски














![[ВИДЕО] Ако победиме на изборите, секој возрасен Американец ќе добие 5.000 долари, најави Трамп](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2018/06/image-1276086-860_poster_16x9-nxzk-1276086-218x150.jpg)

![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)




















