ВИДЕО: Некогаш беа на иста страна, сега се ривали – караница на Мурињо и Лампард среде натпревар!

660

Мурињо и Лампард некогаш беа на иста страна во Челзи, но денес се колеги и лондонски ривали. Португалецот му порача на Англичанецот да „биде мирен“ покрај аут-линијата за време на дуелот од осминафиналето на Лига Купот.

Мурињо му порачал на Лампард дека постојано шета, потврдувајќи ја својата нервоза. Дури и подјадливо му довикнал:

„Кога губиш со 3-0 не си вака гласен“!.

„Моите чувства кои ги имам кон него се поважни од зборовите кои ги разменивме. Тој секогаш го даваше максимумот за мене и тимот и никогаш нема да го заборавам тоа. Затоа велам дека моите чувства за него секогаш ќе бидат чувства за тоа колку многу му должам. Тој беше неверојатен фудбалер и пријател.

Тие зборови беа само еден вид на совет од постар менаџер кон помлад. Тој го знае фудбалот, нема тука за што да зборуваме, но мора да научи некои други работи поврзани со водење на тим.

Му реков дека на фудбалерите им требаме кога тимот губи, а не кога има водство. Кога победуваат не треба да сме протагонисти крај аут линијата, треба да бидеме таму кога губат. Пред неколку дена го видов како седеше на клупата, а неговиот тим губеше со 3-0 и навистина ми падна многу жал“, рече Мурињо.

Натпреварот заврши 1-1, а по изведување на пенали славеше Тотенхем со 5-4, па, иако по казнени удари, ова е прва победа на Мурињо над Лампард во тренерската кариера.

A вака изгледаше радоста на Мурињо по победата: