Ливерпул ќе направи трансфер бум и ќе ангажира поранешен фудбалер на Манчестер Јунајтед

128

Јасно е дека тимот на Ливерпул ќе се обиде до крајот на преодниот рок кој им дозволува да купуваат играчи од пониските лиги во Англија да ангажира нов голман затоа што Јирген Клоп не е задоволен со изданијата на Адријан.

Германскиот стратег уште некое време ќе остане без услугите на првиот чувар на мрежата, Алисон кој е повреден, па него ќе мора да го менува Адријан кој покажа дека често знае да прави грешки, а многу од стручните аналитичари посочија дека тој не е добар за да биде резервна опција во клубот.

Токму затоа се појавија шпекулации дека Ливерпул ќе донесе искусен голман од Чемпионшип лигата и прво се зборуваше дека тоа ќе биде голманот на Стоук, Џек Батленд, но сега излегоа други информации.

Според „Дејли Експрес“, Клоп до крајот на денешниот ден ќе се обиде да го ангажира голманот на Вотфрод, искусниот Бен Фостер.

Фостер веќе со години брани на одлично ниво во Премиер лигата, па би бил супер резервна опција за Алисон.

Интересно е тоа што Фостер потекнува од академијата на Манчестер Јунајтед, па ваков трансфер речиси сигурно ќе привлече големо внимание.