Есента е идеално време за правење на најинтересни стајлинзи, а оваа сезона во фокус ќе бидат плисираните здолништа. Ваквиот тренд стана актуелен уште минатата година, а судејќи по се, ќе доминира и оваа сезона.
Најдобрата работа кај овој модел на здолниште е тоа што ѝ ласка на секоја фигура и може да се носи на многу начини, а успешно ги сокрива вишокот килограми на стомакот и колковите.
Може да се носи во комбинација со патики или рамни чизми и џемпер, но и во комбинација со високи потпетици, за посвечени прилики. Многу лесно се прилагодува за секоја пригода, па така во него можете да се појавите на деловен состанок, но и на вечера. Со правилниот избор на обувки и акцесоари, ова здолниште се прилагодува на апсолутно секој настан.
Оваа есен во тренд ќе бидат сите бои и дезени на плисирани здолништа, а кога не знаете што да облечете, одлучете се токму за ова парче и со сигурност ќе ги привлечете сите погледи.








![[ВИДЕО] Жена изгоре во пожар во скопската населба Пинтија](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/pozar-218x150.jpg)















![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)












