„Ко си бевме млади и убаj. Ти остана и млад и убав“: Познатите со емотивни објави за 13-годишнината од смртта на Тоше Проески

577

На денешен ден пред 13 години, пејачот Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка, на пат кон Загреб, на 26-годишна возраст.

Фановите на Тоше и неговите пријатели денеска на социјалните мрежи споделуваат негови песни во знак на сеќавање на музичката легенда.

Актерката Весна Петрушевска преку емотивен статус ја сподели болката која се уште ја чувствува и по 13 години:

„Како вчера да си правевме муабет пред снимање, па излеговме да ми го покажеш туарегот…се смеевме како подзакривуваш со ногата и како си ја повредил… колку беше убав, колку беше убав таа вечер… изморен, смирен, насмеан… ми кажа уште нешто таа вечер…🖤🖤🖤 те сакам, недостасуваш… врне и сега … како и оној понеделник …“, напиша Петрушевска на својот Инстаграм профил.

„Ко си бевме млади и убаj. Ти остана и млад и убав… Вечна ти слава Тошка!“, напиша Игор Дурловски на Твитер.

Еден ден пред 13-годишнината од смртта на нашиот Тоше, хрватскиот пејач Тони Цетински сподели дека никогаш нема да го преболи заминувањето на неговиот пријател, соработник и колега.

„13 долги години. Утре некаде во ова време нѐ напушти физички, но само физички брате мој. Не ми се верува колку многу ми недостасуваш денес и колку сѐ уште ни е тешко што си замина прерано. Животот навистина не е фер“, стои во објавата на Инстаграм профилот на Цетински.

На човекот со огромно срце и музичарот со невиден талент се потсетија и многу други познати личности како Игор Џамбазов, Андријана Јаневска, Тамара Тодевска, Антониа Гиговска, Дац и Александар, Тијана Дапчевиќ, Калиопи, Каролина Гочева…

View this post on Instagram

Тоше…

A post shared by Игор Џамбазов (@igordzambazov) on

View this post on Instagram

💔…13

A post shared by Tijana Dapčević (@tijana.dapcevic) on