Ќосето: Некој ме мести, ме префрлија во затвор со терористи од Диво насеље

1431

Горан Ангелов кој е обвинет за настаните од 27 април во македонското Собрание, добил решение за промена на ќелијата и тоа во затворот каде се затворени терористите од Диво Насеље.

Горанче Анѓелов Ќосето доби 12 години затвор за упадот во Собрание, а по завршување на судењето тој не се противеше на барањето на ОЈО да му се продолжи притворот.

– „Супер ми е со другарчињата во Шутка и така немам пари да се вратам во Велес оти не сум крадел“, рече со смеење Ќосето на едно судење.

На Фесјбук уште кога почна постапката напиша „Добив притвор поради преголема љубов кон татковината Македонија“.

За настаните во Собрание, Митко Чавков беше осуден на највиоска казна од 18 години затвор, Душко Лазаров (осуден на 15 години затвор), Горан Ѓошевски (осуден на 15 години затвор), Никола Митревски-Кољо (осуден на 15 години затвор) и Абдулфета Алими (осуден на 7 години затвор).