Падна либанската влада! Попуштија поради протестите: Кабинетот на Хасан Дијаб поднел оставка

561

Либанската влада поднела оставка, а таа вест ја соопштил министерот за здравство.

Утрово медиумите, повикувајќи се на неофицијални извори, објавиле дека оставката на премиерот Хасан Дијаб е неизбежна.

Пред оставката на владата, веќе четири министри исто така поднеле оставка.

Потсетуваме, на пристаништето во Бејрут минатата седмица дошло до експлозија во складиштето кое биле полно со амониум-нитрат, што ги срамнило пристаништето и крајбрежниот дел од градот со земја.

Неколку дена по трагедијата во престолнината, либанскиот премиер повикал на одржување на предвремени избори.

Дијаб тогаш, во телевизиско обраќање, ги повикал сите политички партии да ги остават несогласувањата и да работат заедно.

Тој додал дека е подготвен да остане на функција во наредните 2 месеци, за да им даде време на политичарите да применат структурни реформи.

Минатите денови во Бејрут се одржани масовни протести, а во судирите со полицијата настрадало најмалку едно лице.