Единсон Кавани е на чекор до враќање на “чизмата”.
Откако стана јасно дека по завршувањето на договорот со Манчестер Јунајтед ќе мора да бара нова средина, уругвајскиот напаѓач го поврзаа со многу тимови кој се решени да го видат во своите редови. По информацијата дека Бока Јуниорс е решена да го доведе искусниот ветеран, рано утрово пристигна нова информација околу евентуалниот тим кој би го довел за следната сезона.
Италијанска Салернитана е сериозно заинтересирана за Кавани. При негово враќање во Италија (каде веќе настапуваше за Палермо и Наполи) популарниот “Матадор” би играл во тандем со уште прекален ветеран, француската легенда Франк Рибери. По макотрпната борба и изборениот опстанок во елитното италијанско натпреварување, управата на тимот има големи амбиции. Тренерот Давиде Никола веќе неколку пати потврди дека во разговор со челниците на клубот бил уверен дека ростерот со кој ќе се појави тимот на стадионот “Ареки” ќе биде исклучително посилен од ланскиот.
Останува да видиме што ќе се случи наредниот период но, едно е сигурно. “Малите” клубови во Сериа А ќе бидат исклучително “тврд орев” на секој противник во наредната сезона.
Димитар Младеновски





![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)











![[ВИДЕО] Сите осум членови на екипажот загинаа во падот на американскиот бомбардер Б-52](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/s6ucx-13516048-218x150.webp)







![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)







![[ВИДЕО] Колони возила пред бензинските во Русија, земјата се соочува со недостиг на нафта](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2022/03/benzin-gorivo-960x639-1-100x70.jpg)
![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-100x70.png)

