Многумина овие намирници ги додаваат во чајот, но со тоа му штетат на здравјето – металите полесно се испуштаат во течноста

456

Покрај водата, чајот е течност која што најмногу се пие меѓу луѓето. Сепак, експертите предупредуваат дека овој напиток воглавно има позитивен ефект на здравјето, но може да биде и штетен за организмот.

Неговата штета се пресметува врз основа на состојките кои што ги додаваме во него.

Шеќер или вештачки засладувач

Иако таков најмалку ни се допаѓа, чајот е најздрав кога во него нема да додадеме ништо. Засладувачите се подобар избор од шеќерот, но Американската агенција за храна и лекови советува дека нивната употреба треба да се ограничи. Доколку не можете да пиете чај кој што не е сладок, во него додадете една лажичка мед.

Млеко

Многумина од нас сакаат да додадат малку млеко во чајот, меѓутоа некои истражувања покажале дека тоа не е најдобрата комбинација, особено доколку чајот се пие со цел да се спречат кардиоваскуларни болести.

„Додавањето купено млеко во чајот го намалува неговото позитивно дејство, т.е. дејството кое што тој го има врз опуштањето на крвните садови“, велат истражувањата објавени во „Европскиот магазин за кардиоваскуларни болести“.

Лимон

Доколку сакате да го освежите чајот со лимон, додадете го внатре пред да ја извадите ќесичката од чајот. Лимонот ја намалува pH вредноста на чајот, а тоа им помага на металите полесно да се испуштат во чајот.