Германија планира да ја продолжи забраната за пристигнување на граѓани на земји кои не се членки на Европската унија до 31 август.
Според информациите до кои дојде Ројтерс, се очекува оваа одлука да биде донесена во текот на денешниот ден.
Германија е подготвена да ја укине забраната за патување за земјите членки на Европската унија и Велика Британија, Исланд, Норвешка, Лихтенштајни, Швајцарија од 15 јуни, освен ако не постои забрана за влез во тие земји и обемни рестриктивни мерки.
Минатата недела германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас ги повика Германците да не патуваат во Велика Британија сè додека таму е на сила 14-дневниот карантин за туристите.