Иранскиот претседател Хасан Рохани денеска упари предупредување до претседателот на САД, Доналд Трамп, јави иранската новинска агенција ИНСА.
– Господине Трамп, не си играјте со опашката на лавот, поради тоа можете да зажалите, истакна Рохани.
Тој додаде дека „Америка треба да знае дека мирот со Иран е мајка на секој мир, а војната со Иран е мајка на сите војни“.
Иранскиот врховен лидер Ајатолахот Али Хамнеи вчера изјави дека преговори со САД би биле „очигледна грешка”, бидејќи според него, Вашингтон е некредибилен.
– Не можете да се потпрете на зборот, ниту пак на потписот на Американците, па затоа преговорите со Америка не би биле од никаква корист, оцени Хамнеи.
Тој го поддржа и предлогот на Рохани за евентуална блокада на извозот на нафта од земјите од Персиски Залив доколку се блокира иранскиот извоз на нафта















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















