Елмас игра во средина заедно со Фабијан, а пред крајот на полувремето со прекрасно додавање им отвори прекрасна акција на триото Лоренцо Инсиње – Калјехон – Дрес Мертенс, за наполитанците да поведат. Откако Елмас го проигра Инсиње следеше шах-мат, додавање за Калјехон, повратна на прва за Мертенс и рутинска завршница.
Потегот на Елмас веднаш ги воодушеви навивачите на Наполи, кои не пропуштија шанса да го истакнат моментот и зачетокот на акцијата која им донесе водство, радувајќи се дека допрва од македонскиот репрезентативец ќе видат голем придонес во трката за трофеи.