Фросиноне се држеше 80 минути во дуелот со актуелниот шампион Јувентус, но капитулираше пред Кристијано Роналдо во самиот финиш.
Откако минатата недела му донесе победа против Сасуоло, Португалецот и вечерва го постигна триумфалниот погодок. Во негов стил, на 5-6 метри од целта, но се бројат головите, а и бодовите за Јувентус.
Конечните 0-2 ги постави Бернардески во судиското продолжение.




































