До крајот на годината исплата на К-15 – колку ќе изнесува оваа година

167

До крајот на оваа година вработените во приватниот сектор треба да добијат исплата на регрес за годишен одмор, познат како к-15. Овој извнос секоја година се утврдува во зависност од вистината на просечната нето и бруто плата по вработен во последните три месеци пред датумот на исплата.

Минималниот износ треба да изнесува најмалку 40 проценти од висината на просечната нето плата, а максималниот до 40 проценти од висината на просечната бруто плата.

За вработените во приватниот сектор важи условот да бидат вработени најмалку шест месеци во тековната година кај ист работодавач. Според последните информации за платите на Државниот завод за статистика, износот на К-15 за 2020 година треба да се движи од 10.956 до 16.349 денари.

Крајниот рок за исплата на регресот за годишен одмор за работодавците е 31 декември 2020 година.