Случајно открила нешто неверојатно: Секоја жена го има ова на левата града и десниот зглоб од раката

939

Дали и вие имате пеги на десниот зглоб од раката и левата града? Можеби ви звучи невозможно, но една бизарна легенда вели дека секоја жена има пеги на зглобот на раката.

Како што многумина тврдат на Интернет, покрај пегите на десниот зглоб од раката секоја жена има пеги и на левата града.

Новинарка на порталот „Metro“ го проверила ова тврдење со неколку пријателки и дошла до заклучок дека оваа теорија е вистина.

„Ова не беше никаков научен експеримент, но збунувачки е“- изјавила таа.

Овој феномен до сега го забележале многу луѓе, па затоа на Твитер ќе најдете многу објави со ова тврдење, но секако има и онакви кои тврдат дека немаат пеги на десниот зглоб од раката и левата града, но за секоја работа постојат исклучоци нели?

Во анкетата која ја спровела новинарката на споменатио портал, на Твитер околу 100 отсто од жените потврдиле дека имаат пеги на тие места.

Дури и пластичниот хирург Пол Банвел потврдил дека од последните 50-тина пациенти кои ги прегледал, 90 отсто имале пеги на левата града.

Пегите претставуваат голема концентрација на меланин, смеѓ пигмент на кожата. Кога ќе ги изложите на сонце тие стануваат потемни.

„Пегите се појавуваат на делови од телото кои се изложени на сонце, како што се лицето, рацете, рамениците, деколтето. Не постои објаснување зошто е тоа така. Можеби најлесно да се објасни овој феномен е фактот што пегите се вообичаени за кожата на секој човек“ – изјавил дерматологот Клер Морисон.