Гламурозна забава за паметење: Aделина Тахири го прослави првиот роденден на синот (фото)

45

На крајот на 2017 година популарната албанска пејачка Аделина Тахири го изговори судбоносното „да“ и заплива во брачните води со познат македонски адвокат.

Нивната љубов наиде на многу предрасуди бидејќи се со различна националност, меѓутоа самата Аделина истакна дека таа нема предрасуди кога љубовта е во прашање.

Кон крајот на август претходната година Тахири и нејзиниот сопруг станаа родители на нивното прво дете синот Јон кој оттогаш е смила на нивните животи, па секој момент го користат да го поминат заедно.

Тахири и Серјожа деновиве го прославија првиот роденден на својот син Јон. По тој повод тие организираа луксузна забава за синчето која ќе ја паметат цел живот.

За ова прилика, Тахири одбра долга елегантна тоалета со изразено деколте.

ФОТО: ПРИНТСКРИН/ИНСТАГРАМ/АДЕЛИНАТАХИРИ

На прославата беа поканите нивни роднини и пријателки, меѓу кои и водителката на „Живот со Стил“, Елена Стефановска.

ФОТО: ПРИНТСКРИН/ИНСТАГРАМ/ЕЛЕНАСТЕФАНОВСКА

За забавата беа задолжени неколку албански и македонски пејачи, но главна ѕвезда на вечерта беше српскиот пејач Џеј Рамадановски.

ФОТО: ПРИНТСКРИН/ИНСТАГРАМ

Овој момент, Тахири го овечковечи со неколку фотографии кои се најдоа на социјалните мрежи.

ФОТО: ПРИНТСКРИН/ИНСТАГРАМ

ФОТО: ПРИНТСКРИН/ИНСТАГРАМ

Се надавме дека малиот Јон ќе расне жив и здрав, а во иднина ќе ги прави мама и тато да бидат горди.

loading...