Томи Дејвид Морисон ја поседува една од најспецифичните животни приказни во историјата на боксот.
На овој бестрашен борец се сеќаваме како една од најсветлите ѕвезди на крајот од 80-тите и почетокот на 90-тите години. Неговиот неспорен талент на многу полиња, му донесоа и главна улога во легендарниот филм на Силвестер Сталоне, “Роки” (во своето пето продолжение). Но, како е возможно човекот кој стана светски шампион и имаше буквално се, да дојде до степен на самоуништување???
Во прилог следува видео во кое детално се прикажува животот на еден од најсилните и најталентираните борци кој сме биле во можност да ги видиме. Лоша среќа, недисциплина или пак нешто друго? Демоните кој го следеа Томи го доведоа на работ на бездната повеќе пати од било кој друг. Секоја приказна (за жал) не завршува со среќен крај.
Уживајте во овој уникатен приказ на турбулентниот пат на “војводата” од Оклахома.
Димитар Младеновски