Шехтански: 14-дневен карантин за сите кои го напуштија Скопје

910

Изолираниот 80-часовен карантин на Скопје е погрешен чекор и требаше да се спроведе на целата територија. Вака се создаде реална опасност од неконтролирано ширење на вирусот низ целата држава, се вели во соопштението на ТМРО.

„Техничката влада со изминат мандат треба веднаш да донесе уредба за задолжителен 14 дневен карантин за сите кои го напуштија градот пред започнувањето на полицискиот час, со цел колку толку да се изолираат и лоцираат, потенцијалните нови жаришта“, побара претседателот на ТМРО Ванчо Шехтански.