Страшен настан го вознемири краснојарскиот крај во Русија. Тринаесетгодишник си го заклал братчето само затоа што загубил во видеоигра, пренесува „Еспресо“. Александар (13) и’ признал на полицијата дека до смрт со 15 убоди го избодел со нож својот седумгодишен брат во нападот на бес затоа што загубил во видеоигра на мобилниот телефон. Седумгодишното дете починало веднаш.
Александар, како што им раскажал на полициските инспектори, прво ја растурил целата куќа поради поразот во играта, а тогаш го пронашол братот и го убил од страв да ни и’ каже на мајка им за тоа што се случило.
Нивната мајка, Олга (32), ги оставила дома да спијат на 23 април, за да ја однесе својата шестмесечна ќерка кај баба и’. Но, Александар набрзо се разбудил и почнал на мобилниот да ја игра видеоиграта. Кога загубил, го скршил мобилниот, почнал да удира по мебелот и да превртува се’ во куќата. Се разбудил неговиот помал брат и исплашен се скрил во кујната, но за кратко…
Мајката Олга се вџашила кога се вратила и веднаш повикала полиција. Александар во полицијата рекол и оти се плашел другарите да не го исмеваат затоа што загубил во најлесното ниво на игричката.









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)











