БОКС КОРНЕР-Ентони Џошуа со брутален нокаут (ВИДЕО)

210

Ентони Џошуа го нокаутираше Френсис Н’Гану во втората рунда за возбудлива победа во петочната борба во тешка категорија во Саудиска Арабија. Бруталниот нокаут одекна во светот и го најави враќањето на големиот шампион.

Џошуа го собори Н’Гану уште во првата рунда, а потоа во втората рунда ја заврши задачата со нокаут за голема победа. Моќната десна рака, го испрати борецот со камерунско потекло на подот. Н’Гану познат популарно како “Предатор” (поранешниот шампион на UFC) беше на подот повеќе од една минута и доби кислород, што доволно говори за каков девастирачки удар на Џошуа стануваше збор.

Оваа победа е четврта по ред за Џошуа (28-3) по неговите последователни порази од Александар Усик. “За мене, ова враќање кон врвот“, рече тој. “Само итам од ден на ден. Доаѓам по она што е мое”.

Н’Гану, успеа да го собори (апсолутниот линеарен шампион) Тајсон Фјури за време на неговото профи деби во Октомври 2023 година и изгледаше импресивно во поразот со поделена одлука. Но, Џошуа е двократен светски шампион, и ја имаше контрола од самиот почеток. “Предаторот” мина речиси исто толку време на подот колку и на нозе. Англискиот колос по мечот, изјави:

“Кога ја видов борбата помеѓу него и Фјури, ми стана јасно дека овој човек умее да се бори. Ми требаше овој предизвик. Тој е голем шампион и може да се врати на големата сцена.”. 

Ентони Џошуа стигна до својот 29 триумф а го оствари својот 25-ти нокаут во кариерата.



Димитар Младеновски