Напријатното изненадување сезонава е тимот на Кливленд Кавалирс. Кавси имаат серија од 6 победи по ред која е најдолга победничка серија во целата лига. Тимот од градот на “рок енд ролот” моментално се наоѓа на (високото) трето место во Источната конференција со скор 19-12.Тимот од Охајо за прв пат по заминувањето на нивната легенда, Леброн Џејмс, бележи значителен успех и позитивни резултати. Уште поимпресивно делува податокот дека овој напредок “кавси” го постигнуваат без својот прв плејмејкер, талентираниот Колин Секстон кој сезонава одигра само 11 мечеви пред да биде потешко повреден. “Младиот бик” како што го нарекуваат, за жал ќе го пропушти остатокот од првенството по скинатиот менискус на левото колено.
Прв стрелец во тимот е 22 годишниот бек поентер, Дариус Гарланд кој сезонава постигнува над 19 поени по натпревар. Еден од најдобрите млади центри во NBA, Џарет Ален има стандарден дабл-дабл ефект од (безмалку) 17 поени и 11 скокови. Дебитантот Еван Мобли (засега) ги надминува сите очекувања со скоро 14 поени по меч, а финскиот репрезентативец Лори Марканен, и покрај слабиот шут постигнува над 13 поени. Ветеранот Кевин Лав, годинава влегува во игра од клупата за резерви и постигнува по 12 поени. Токму Лав последните неколку години беше поврзуван со трансфер во нов тим. Неговиот богат договор беше главна пречка истото да не се реализира до сега.Доаѓањето на искусниот шпански плеј, Рики Рубио (на изненадување на многумина) внесе свежина во играта. Токму организацијата на нападот под негова палка делува исклучително успешно во досегашниот тек на првенството. Турскиот репрезентативец со македонско потекло, Чеди Осман постигнува над 11 натпревари по меч, влегувајќи од клупата за резерви.
Оваа сезона на Кливленд (во голема мера) налкикува на нивниот старт од далечната сезона 1997/1998. Тогаш “коњаниците” имаа четири дебитанти но и еден суперстар во ликот и делото на Шон Кемп. Кливленд сега нема супер ѕвезда, но има тим кој претставува исклучително незгоден противник на секого.
NBA FAN
Димитар Младеновски