Американците ги изненадија своите ривали: Во тајност проектирале авион од најнова генерација, веќе имаат прототип

31

Обраќајќи се на годишниот симпозиум на Военото воздухопловство на САД кон крајот на 2020-та година, шефот за набавки Вил Ропер најави нова ера во која дизајнот и развојот на новите летала, вклучувајќи го и „производството“ и „тестирањето“, ќе се одвива во дигитално опкружување.

Од американското воено воздухопловство тврдат дека тајно е дизајниран, изграден и тестиран нов прототип на борбен авион, нешто што најголемите ривали на САД сигурно не очекуваа дека ќе се случи уште најмалку една деценија.

„Веќе направивме демонстратор на лет во целосна големина и во реален свет и за тоа соборивме рекорди. Подготвени сме да започнеме со изградбата на следната генерација на летала на начин на кој тоа претходно никогаш не се случило“, изјави Ропер, помошник секретар на Воздухопловните сили на САД за набавка, технологија и логистика.

Според некои американски медиуми, авионот од шеста генерација кој ќе биде наследник на “F-35” можеби и веќе полетал.

Според извештајот, воздухопловството успеало да развие нов ловец во изненадувачки краток период од околу една година, најпрвин конструирајќи своја виртуелна верзија, а потоа продолжувајќи да прави прототип на леталото во целосна големина. Ропер не откри колку вакви прототип летала кои биле произведени полетале и не откри никакви детали во врска со дизајнот на новата генерација на авиони.

Тоа што е важно според американскиот физичар е тоа што воздухопловството докажало дека може да поседува најсовремени напредни производни технологии за изградба и тестирање на виртуелни верзии од својот следен ловец.

Ропер нагласи дека во воздухопловството работат со најсложените системи некогаш направени и тестирани со помош на новата дигитална технологија. Воздухопловството конструирало нов ловец како дел од својата програма за воздушна доминација, а наводно новиот авион би требало да ја надополни флотата или потенцијално да го замени “F-22 Raptor”.

Ропер не прецизираше кога воздухопловството би можело да започне со производството на новото летало од следна генерација, но напомена дека тоа ќе се случи „прилично брзо“.