Ѓоковиќ одби да го носи српското знаме на Олимпијадата , Србите воодушевени

550

Божидар Маљковиќ , кошаркарски тренер и креатор на трофејната Југопластика, сега е претседател на Олимпискиот комитет на Србија.

Од оваа позиција, тој даде интервју за „Вечерњи лист“ во кое откри интересен потег на Новак Ѓоковиќ:

“Никој повеќе нема да биде како него. Таков мајка не раѓа. Покрај тоа што е неповторлив спортист, тој е и исклучителен човек. Еве еден пример.

Ние му понудивме да го носи нашето знаме на отворањето на Игрите во Токио, на кое тој одговори: „Претседателе, ајде да израдуваме некој друг. Знамето го носев во Лондон. Да му дадеме шанса на некој друг ‘.

И поради сето тоа, јас предложив белградскиот плоштад Теразије да се преименува во плоштад Новак Ѓоковиќ, но веднаш ме нападнаа затоа што нема да биде во духот на законските прописи на Република Србија, затоа што таквата чест не може да се добие додека човекот е жив. “.