Милијардерот Блумберг влегува во трката за претседател на САД

520

Милијардерот Мајкл Блумберг влезе во трката на кандидати на Демократската партија за претседателските избори во САД, иако во март рече дека нема да кандидира за Белата куќа.

„Се кандидирам за претседател за да го победам Доналд Трамп и да ја обновам Америка. Не можеме да си дозволиме уште четири години необмислени и неетички акции на Трамп“, изјави 77-годишниот Блумберг.

Тој, според Форбс, е осми најбогат Американец, чие богатство се проценува на 53,4 милијарди долари. Негова предност е што може сам да ја финансира својата кампања и да вложи милиони долари за реклама и за вработување на персонал.