Ноќта помеѓу 16 и 17-ти Март 1996-та година, се одигра еден многу интересен натпревар.
Чикаго Булс се судри со Њу Џерси Нетс. Во “Континентал Ерлајнс Арена” фаворитот пристигна со намера да го освои третиот натпревар по ред и 57-иот во тековната сезона. Ги пречека гладниот домаќин кој пружи отпор достоен за почит.
Во исклучително интересен и (на моменти) тензичен меч, Чикаго го освои гостинскиот терен со “ситни” 97:93. Водечки кај славеникот (очекувано) беше Мајкл Џордан со 37 поени и импресивни 16 скокови, на кој придодаде 5 асистенции и 3 блокади. Во отсуство на повредениот Скоти Пипен, втор стрелец беше Тони Кукоч со 18 поени.
На спротивната страна, прв стрелец беше ветеранот Армен Гилиам со 21 поен, следен од Крис Чајлдс со 18 и Шон Бредли со 17 поени.

Овој натпревар најмногу остана во сеќавање по реакцијата на Денис Родман. Незадоволен од судиската одлука “Црвот” се конфронтираше со главниот судија Тед Берхард, при што го удри со главата и доби суспензија од 6 натпревари и парична казна од 20.000 долари.
Чикаго Булс во тековната сезона стигна до 72 победи (со само 10 порази) што претсатвуваше рекорд во подолг временски период. На крајот од сезоната стигна до четвртиот тимски пехар.
Уживајте во најубавите моменти на натпреварот.
NBA FAN
Димитар Младеновски





![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)











![[ВИДЕО] Сите осум членови на екипажот загинаа во падот на американскиот бомбардер Б-52](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/s6ucx-13516048-218x150.webp)







![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)








![[ВИДЕО] Колони возила пред бензинските во Русија, земјата се соочува со недостиг на нафта](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2022/03/benzin-gorivo-960x639-1-100x70.jpg)
![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-100x70.png)


