NBA со Димитар Младеновски-Тензично на Флорида (ВИДЕО)

1438

Интересен натпревар во “Американ Ерлајнс арена” помеѓу домаќинот Мајами Хит и првопласираната Филаделфија. Во тврд натпревар со неколку тензични моменти и искри помеѓу противниците, “жешките” од Флорида го одбранија домашниот терен (конечни 106-94).Џими Батлер го предводеше својот тим со 21 поен, следен од Бем Адебајо и Тајлер Хиро со по 18 поени. На спротивната страна Тобајас Херис беше прво име со 21 поен, а нивниот најдобар играч, Џоел Ембид имаше многу лоша вечер (само 6 поени и 2 скокови). Уште во првата четвртина Мајами ја превзема контролата на игра. Диктираше темпо и заработи висока предност. Во втората четвртина најпрво имаше вербален дуел помеѓу ветеранот Тревор Ариза и Џоел Ембид а нешто подоцна и помеѓу Двајт Хауард и Јудонис Хејслем. За Хејслем ова беше прв натпревар во годинашното првенство, за само 4 минути игра беше исклучен поради две технички грешки.Интересно е што токму овие два тима има голема веројатност да се сретнат во првото коло на плеј-офот кој започнува набрзо.

NBA FAN

Димитар Младеновски