На денешен ден, шампионот гостуваше во Бостон.
“Биковите” по тешкиот старт на првенството, полека влегуваа во посакуваниот ритам. На овој натпревар, Чикаго повторно на дело го презентира своето непроценливо искуство. Младиот тим на “селтикси” немаа одговор за својот противник, и загубија со 87:97.
Најдобар стрелец (очекувано) беше Мајкл Џордан со 29 поени, следен од Рон Харпер со 18 поени и Тони Кукоч со 15 поени. “Булси” настапија без Скоти Пипен кој се рехабилитираше од хируршкиот зафат на повреденото стапало.
На спротивната страна, (“All star” крилото) Ентоан Вокер беше водечки со 19 поени.
Чикаго, на крајот од ова првенство, повторно успеа да стигне до првата позиција во Источната конференција. Во големото финале (втора година по ред) се соочија со Јута Џез, и ја освоија шестата титула во тимската историја.
NBA FAN
Димитар Младеновски





![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)











![[ВИДЕО] Снимен земјотресот на главниот аеродром во Венецуела, паѓаат големи парчиња бетон](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/5VAhu-2c245c45-aa5d-4bd2-8e0e-4b72fb8f4f40-218x150.webp)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)












