Оваа неодолива чоколадна торта ги освои луѓето, а тој што ја пробал вели дека нејзиниот вкус е навистина посебен.
Исклучително е вкусна, а може да ја направат и најголемите аматери во кујната.
– 250 грама чоколадо;
– 200 грама путер;
– 3 јајца;
– 200 грама шеќер;
– 1 лажица екстракт од ванила;
– 80 грама брашно;
– 1 лажица прашок за печиво;
– прстофат сол;
– 80 грама какао.
1. Стопете го чоколадото, па во него додадете го путерот и мешајте додека не се соединат.
2. Во добиената смеса додадете ги јајцата и екстрактот од ванила. Сè добро заедно измешајте.
3. Додадете го шеќерот и добро промешајте.
4. Во посебен сад измешајте ги сувите состојки: брашно, какао, сол и прашок за печиво, па соединете ги со останатата смеса.
5. Ставете ја смесата во калап за печење торта.
6. Печете ја тортата 25-30 минути во рерна на 180 степени Целзиусови.
7. Откако ќе биде готова, над неа ставете малку какао или пак послужете со малку шлаг.





![[ВИДЕО] Жена изгоре во пожар во скопската населба Пинтија](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/pozar-218x150.jpg)











![[ВИДЕО] Објавена снимка од авионот на Кроација ерлајнс што излета од пистата во Сплит](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/fuzsm-split-avion-218x150.webp)


















