Девин Букер постигна историско достигнување.
На синоќешниот натпревар против Чикаго, младата ѕвезда постигна 51 поен со фантастичен процент на шут од поле со над 80%.
Овој број на поени со ваква ефикасност е прв случај во историјата на NBA. “Ди-Бук” погоди 20 од 25 шутеви од игра, за само 31 минута поминато на теренот. По ваквата феноменална претстава, “сонцата” очекувано победија со 132:113.
Со новата победа која е шеста по ред, Феникс Санс се наоѓа на првата позиција во Западната конференција со скор 15-6.
NBA FAN
Димитар Младеновски