Приватните превозници утре од 6 часот наутро со 200 автобуси ќе го блокираат булеварот Илинден од пред Владата до крстосницата кај МИ-ДА. На тој потег се наоѓа седиштето на Град Скопје.
риватните автобуси од „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ кои беа дел од јавниот превоз во главниот град утре ќе го блокираат сообраќајот на десната лента од Илинденска, најави директорот на „Слобода превоз“, Ленин Јовановски на прес-конференција.
Превозниците бараат да им се исплати долгот од 1,3 милиони евра, што, како што велат, им го должи Јавното сообраќајно претпријатие, односно Град Скопје.
Доколку и во меѓувреме нема резултати, за в понеделник најавуваат дека ќе бидат блокирани крстосниците кај Мавровка, Црвен Крст и ул. „Илинденска“.
Приватните автобуси претходно на 28 ноември го блокираа сообраќајот кај Мавровка.








![[ВИДЕО] Жена изгоре во пожар во скопската населба Пинтија](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/pozar-218x150.jpg)















![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)














