Српските великани, Црвена Ѕвезда и Партизан секојдневно промовираат по еден нов играч. Низата ја продолжи “ѕвезда” која објави нов адут за следното првенство.
Додека се преговара со искусниот амерички центар, Крис Синглтон “црвено/белите” доведоа уште еден кошаркар. Станува збор 22-годишниот крилен центар Далибор Илич кој доаѓа од босанскиот шампион Игокеа. Илиќ е поранешен младински репрезентативец а и повремен член на сениорската репрезентација на Србија. Поседува двојно државјанство, српско како и босанско. Претставува еден од најталентираните млади играчи на својата позиција.
Илич потпиша четиригодишен договор а според информациите од Белград, се работи за влог во иднината бидејќи на него се смета како лидер на младата генерација на играчи. Ова претставува четврто засилување за “црвено/белите” по доведувањето на Немања Недовиќ, Хасан Мартин и Џон Холанд.
Димитар Младеновски