Македонија слави уште едни свои херои – одбојкарите, кои од синоќа се учесници на Европското првенство кое во септември ќе се одржи во Франција, Словенија, Белгија и Холандија.
„Спартанците“ беа вистински кога беше најпотребно, си ја завршија работата максимално (3:0 победа над Унгарија во Скопје), а главната движечка сила секако беше капитенот Никола Ѓоргиев.
„Ниту титули, ниту МВП признанија… ништо не се мери со оваа среќа. Горд сум на момците. Ова е круна на генерацијата. Најсреќниот ден во мојот живот, по раѓањето на мојата ќерка. Во најавата за натпреварот споменав дека имам убаво чувство дека Летонија и Шведска ќе победат и така и се случи, победи фер-плејот. Неколкупати бевме близу до ЕП, а сега конечно сме таму. Го остваривме сонот“, задоволно констатираше Ѓоргиев.
Македонија за првпат ќе настапи на едно ЕП, на кое исто така премиерно ќе се натпреваруваат 24 репрезентации.


![[ВИДЕО] Трамп: Киев ќе паднеше за еден ден, да не беше еден многу глупав руски генерал](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2019/08/9CflQ-tramp-1-218x150.jpg)































![[ВИДЕО] Трамп: Киев ќе паднеше за еден ден, да не беше еден многу глупав руски генерал](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2019/08/9CflQ-tramp-1-100x70.jpg)

