Балотели се враќа во Италија

731

Тимот на Монца се пласира во Сериа А за прв пат во нивнотата 110 годишна историја.

Силвио Берлускони (кој е прва фигура на клубот) најави засилувања во текот на летото со цел да го задржи тимот во италијанската елита. Поранешниот главен човек на Милан го најави и првото име кое би се приклучило на екипата. Станува збор за Марио Балотели.

“Во овој проект влегов со големи амбиции. Влегувањето во Сериа А е само почеток. Го прославивме овој успех но веднаш работиме на понатамошен напредок. Ќе направиме добар тим. Се слушнав со Марио Балотели и му кажав дека ни е потребен да се врати кај нас. Очекувам да ни се приклучи” – изјави Берлускони.

Популарниот “Супер Марио” беше дел од тимот на Монца од Декември 2020 до Мај 2021 година. Ланската сезона ја помина во туркото првенство, носејќи го дресот на Адана Демирспор. Сезоната ја заврши со 19 погодоци од кој (неверојатни) 5 на последниот натпревар од прввенството.

Димитар Младеновски