Поради планирани технички зафати во дистрибутивната електро-мрежа во Град Скопје без електрична енергија ќе останат општините Студеничани, Бутел, Центар и Ѓорче Петров.
Во периодот од 09:00 до 12:00 часот без струја ќе бидат корисниците од дел од село Долно Количани во Општина Студеничани, а во периодот од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од ул. „1“, во месноста викана Ќупријан, како и дел од ул. „6“ во месноста викана Љубош, исто така во Општина Студеничани.
Прекин во снабдувањето со електрична енергија во периодот од 09:00 до 15:00 часот ќе имаат корисниците од Кучевишка Бара (Призренска бр. 22) и околните подулички во Општина Бутел.
Без струја во периодот од 14:00 до 15:30 часот ќе бидат корисниците од Скопје-Центар: ЈЗУ Градска Болница, како и сите стопански и нестопански објекти во нејзина близина: фонтани кај „Жена парк“, семафори на крстосница кај Собрание, аптека „ЗЕГИН“ во склоп на градска болница, стопански и нестопански објекти кои се наоѓаат во близина на Градска Болница, ул. 11-ти Октомври бр. 20, ЈЗУ Универзитетска клиника за хируршки болести Св. Наум Охридски, во Општина Центар, а во периодот од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од ул. „16“ во село Волково, во Општина Ѓорче Петров.









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)












