Адвокат открива како да препознаете дали некој ве лаже за само 5 секунди

185

Сите сме се нашле во ситуација кога сме се запрашале дали личноста со која разговараме ја кажува вистината или сака да не залаже со своите зборови. Доколку следен пат се најдете во ваква ситуација запомнете дека има неколку работи кои може да ги направите со цел да се уверите во нивните зборови. Запомнете малите нешта откриваат дали некој ја зборува вистината или не.

Логично, кој би препознал лажговци подобро од адвокатите? Затоа не е изненадувачки што краткото видео што адвокатот Мајкл Мандел го објави на TikTok предизвика големо внимание.

Имено, врз основа на своето искуство, тој откри како лесно да препознаете лажго.

„Ако се сомневате дека некој ве лаже, замолете го повторно да ја раскаже својата приказна. Луѓето кои ја кажуваат вистината додаваат факти и се сеќаваат на повеќе детали кога повторуваат изјава, додека лажговците обично паметат една приказна и секогаш се држат до неа. И главниот трик е да се натера потенцијалниот лажго да ја повтори приказната, но овој пат назад. Ова ќе ги натера да размислуваат многу повеќе, и колку повеќе се трудат, полесно ќе ги фатат во лага “, објаснува Мандел.