Од синоќешната NBA програма го издвојуваме дуелот на Флорида.
Мајами Хит го пречека Торонто Репторс во меч кој беше драматиче н неизвесен како ретко до сега. Не само што регуларните 48 минути не беа доволни за да се реши победникот туку беа потребни дури 3 продолженија. По 15 минути дополнителна игра, “рептилите” извојуваа голем триумф на гости со 124-120.
Балансираниот напад на гостите од Канада беше пресуден за победата. Прв стрелец беше Гери Трент јуниор со 33 поени, следен од дебитантот Скоти Барнс со 22 поени и Паскал Сиакам со 21. Целата стартна петорка на Тороното постигна над 19 поени а на спротивната страна беше залудна инзвонредната претстава на Џими Батлер кој оствари трипл-дабл учинок (37 поени, 14 скокови и 10 асистенции).
И покрај поразот, Мајами е сеуште првопласиран тим на Истокот со скор 32-18 а Торонто е осми со 24 победи и 23 порази.
NBA FAN
Димитар Младеновски









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)












