Вашингтон Визардс го фати “последниот воз” за влез во плејофот. Ја порази Индијана Пејсерс со огромни 27 поени разлика и како 8-мо пласиран тим ке се судри со Филаделфија во првото коло.
Конечни 142-115 во натпревар каде “волшебниците” ја имаа целосната контрола а особено доминираа во второто полувреме. Третата четвртина ја добија со 48-31 и испратија силна порака дека никогаш не се предаваат. Бредли Бил го предводеше тимот од главниот град со 25 поени. Беше следен од “бековскиот партнер” Расел Вестбрук кој реализираше 18 поени и 15 асистенции.
На спротивната страна, Малком Брогдон постигна 24 поени а Домантас Сабонис трипл-дабл (19 поени, 11 скокови и 10 асистенции) недоволно за зграбување на последната позиција на Истокот.
NBA FAN
Димитар Младеновски















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















