Роби Вилијамс: Имам некоја “дупка” во главата, сигурен сум дека нешто ми недостига!

777

Британската поп ѕвезда Роби Вилијамс со години јавно се бореше со алкохолот, дрогата, а подоцна и депресијата. Пејачот сега вели дека верува дека има некое психичко пореметување.

“Имам големи “дупки”, нешто сигурно ми недостига. Можеби аутизам или Асперегов синдром. Не знам на кој свет сум, но сигурно сум на некој”, рекол Вилијамс.

“Тешко е да се биде во мојата глава. Имам некои зависности, би рекол дека е душевна болест. Секој ден е различно, дури и кога ги правам истите работи. Некои денови едноставно не можам да објаснам зошто не можам да станам од кревет”, вели пејачот. Признава дека во последниите неколку години започнал повеќе да го цени животот, и тоа откако со Ајда Филд ја доби ќерката Реди и синот Чарлтон.

Роби признава дека многу често знае да пребарува на Интернет за себе, особено барајќи негативни коментари.

“Тоа е истовремено и проклетство и благослов, бидејќи постојано читам како сум глупав и не знам да пеам, но тоа ме мотивира. Поради тоа, денес сум човекот кој што сум’, вели Роби.