Митревски царува: Втора недела по ред – најдобра одбрана! (ВИДЕО)

63

Македонскиот репрезентативен голман, Никола Митревски, втора недела едноподруго го запоседна првото место на топ-листата за најдобри одбрани.

Чуварот на мрежата на Порто имаше посебна задача, да го брани голот среде Скопје, против Вардар и се прикажа во солидно светло, со 11 одбрани, а две од нив му го донесоа признанито најатрактивен на колото. Станува збор за две интервенции во иста акција, кога го скроти ударот од зад зоната на својот лански соиграч од Е. Пелистер, Јовро Јотиќ, а кога топката се одби Хрватот пак ја фати и од зицер-позиција, од шест метри не успеа да го совлада Митревски.ж

Видеото со петте најдобри одбрани во 5. коло од ЛШ можете да го погледнете на овој линк.