Од синоќешната NBA програма го издвојуваме највозбудливиот натпревар. Индијана го пречека Вашингтон во својот “Бенкерс лајф филдхаус” и регуларниот дел од мечот не беше доволен за да се реши победникот.
По дополнителни 5 минути игра, гостите од главниот град извојува значајна победа со конечни 133-132. Бредли Бил постигна 50 поени а на спротивната страна Керис Леверт 35. Освен поентерската експлозија на Бил, неговиот бековски партнер, Расел Вестбрук имаше уште едно импресивно “трип-дабл” издание. “Рас” постигна 33 поени, 19 скокови и 15 асистенции со што се израмни на вечната листа на најмногу “трипл-дабл” ефекти со легендарниот Оскар Робертсон.
Ова остварување на Вестбрук е вкупно 181 во неговата кариера, рекорд кој беше активен цели 47 години.
NBA FAN
Димитар Младеновски















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)






















