Жена на шеик имала афера со телохранител, му платила милиони за да молчи

77
Поранешната сопруга на владетелот на Дубаи, принцезата Хаја бинт ал-Хусеин, на своите телохранители им исплати 1,2 милиони фунти за да молчат за нејзината афера со еден од нив, пишува Дејли меил.

Телохранителот Расел Флоуерс, со кого принцезата стапила во вонбрачна врска, го опсипала со скапи подароци како луксузни часовници, па дури и ловечка пушка вредна 50.000 фунти.

Принцезата Хаја (46), најмладата од шесте жени на шеикот Мухамед Ал Мактуму, наводно побарала од британскиот телохранител да и прави друштво каде и да се појави, а за возврат го опсипала со скапи ситници. Двегодишната врска дополнително избувнала во Лондон ,каде принцезата побегнала од сопругот и поднела барање за развод и целосно старателство над нивните две деца. Имено, британските медиуми минатата година напишаа дека шеикот се сомнева дека неговата сопруга е премногу блиска со телохранителот.

Откако избегала, шеикот објавил арапска песна на Инстаграм, во која има и стихови меѓу другите: „Вие, предавнику, ја предадовте најсветата доверба и вашата игра беше откриена“.

Борбата на принцезата за старателство над децата во Лондон траела долго и не била убава. За време на сослушувањето, за кое шеикот очајно се борел да остане во тајност, судијата на крајот пресудил дека Хаја претрпела „заплашување“ од шеикот и заклучил дека била исмевана за нејзината врска.

Во својата пресуда во корист на принцезата, судијата наведува дека таа „започнала прељуба со еден од нејзините машки телохранители“, но во тоа време не било наведено името на телохранителот.

Судијата исто така изјавил дека шеикот започнал „кампања на заплашување“ поради најавата за развод, дури и без да и ’каже, организирајќи оружен напад во нејзината спална соба, па дури и обид за киднапирање.

Расел, пак, ја оставил својата сопруга со која бил во брак четири години, поради принцезата, пишува британскиот таблоид. “Сопругата на Расел веруваше дека тој е заведен од парите и подароците. На странските патувања принцезата секогаш инсистираше на тоа да имаат поврзани простории. Кога таа беше во Велика Британија, излегуваше со него скоро секоја вечер, а понекогаш и не се враќаше дома до следното утро. “, изјави извор за„ Меил“.

“Семејството отсекогаш било дарежливо кон телохранителите. Шеикот честопати им давал од 5.000 до 15.000 фунти како бакшиш. Но, подароците што ги добил Расел биле далеку над тоа”, додаде изворот.

Мејл пишува дека уште тројца телохранители на кои им било исплатено 1,2 милиони фунти за да молчат, знаеле сè.

Принцезата сега живее со своите две деца во куќа од 85 милиони фунти во Кенсингтон, Лондон.