Британец паднал 157 пати на возачки испит

57
Неименуван маж од Велика Британија успеал да го положи теоретскиот дел од испитот за возачка дозвола откако паднал дури 157 пати.

Британската агенција за стандарди за возачи и возила неодамна извести за нов неславен рекорд. Човекот, чие име не е објавено поради приватноста, успеал да го положи теоретскиот испит откако претходно паднал дури 157 пати, а за тоа потрошил околу 3.000 фунти, пренесува Oddity Central.

Неколку медиуми го нарекоа најлошиот возач на светот, но други го опишаа како пример за упорност.

„Вистина е тоа што го велат – ако не успееш на почетокот, обиди се повторно … Полагањето на возачки тест може да биде еден од најтешките предизвици во животот и на некои од нас им треба многу повеќе напор од другите“, изјави за Lad Bible , Марк Тонгју, извршен директор на „Селект“.

Иако неименуваниот човек моментално е на првото место со најмногу неуспешни обиди за да положи возачки испит, тој има сериозна конкуренција. Податоците на ДВСА покажуваат дека на второ место е жена на околу триесет години која паднала 117 пати и сè уште не положила, додека на трето место е жена која успеала да помине по 94 обиди.