Пандев: На Евро 2021 ќе бидеме аутсајдери, ама нема што да загубиме!

579

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев, кој си го исполни сонот како круна на големата кариера да игра со Македонија и на едно големо натпреварување, после пласманот на ЕП на лето низ Европа, посочи дека тој и соиграчите нема што да загубат на дебито на големата цена.

Пандев беше стрелец на голот во Тбилиси во калчолигашката акција на Елиф Елмас и Илија Несторовски, по кој Македонија со триумфот со 1-0 против Грузија ја обезбеди визата преку плејофот во Лигата на нации за место на континенталниот шампионат.

„Се надевам дека пандемијата ќе заврши и дека на Европското првенство ќе има публика, а тогаш ќе имаме голема поддршка од нашите навивачи. Реално, ние сме аутсајдери, но нема што да загубиме. Првите два меча со Австрија и Украина ни се најважни“, вели Пандев.

После скоро еден месец од историскиот успех, импресиите не стивнуваат за историскиот потфат.

„Првиот пласман на Македонија на едно големо напреварување е круна на мојата кариера. Убави се сите тие пофалби, ми годат, зашто Македонија одработе сјајна работа. Добро е тоа за Македонија, за селекцијата…“, додава Пандев.