Со 13 степени целзиусови под нулата и со 28 сантиметри снежна покривка, утрово Битола е најстуден и град со највисока снежна покривка.
Снегот, кој ноќеска паѓаше на сообраќајниците, го чистеа и отстрануваа екипи на јавното комунално претпријатие „Нискоградба”.
-Во функција се сите ресурси, човечки и материјални. Улиците од прв приоритет се чисти, а да не пречеја бројните паркирани возила, опфатот на чистење и отстранување снег ќе беше уште поголем. Мобилни сме и продолжуваме со работните задачи согласно програмата за одржување улици и мостови во зимски услови, информираа од ЈКП „Нискоградба”.
Апелираат возилата да се отстранат од сообраќајнците, а граѓаните што го чистат снегот пред своите приватни или деловни објекти, да го собираат на едно место и да не го фрлаат на пат или тротоар.

















![[ВИДЕО] Немири во Приштина: демонстрантите ги блокираа излезите од Собранието и фрлаа петарди](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/10/RPwVF-10310452-218x150.webp)


















